Опрема

Постојано во тек со светските трендови во печатарската индустрија. Опремата со која располага е на највисоко ниво, која заедно со струниот кадар е спремна да ги задоволи и најспецифичните барања на клиентите.

Дизајн и Подготовка

Целосен дизајн според потребите на клиентите. Бидете уникатни и препознатливи. Од идеја до готов производ. Стручниот дизајнерски тим е спремен да одговори на вашите желби и да ги направи уште подобри.

Сертификати

Добитник на повеќе реномирани мегународни сертификати во областа на изработка на фина картонска амбалажа и нејзино печатење, како и индивидуални награди за најдобар дизајн и иновативност на пакување.

Квалитет

Квалитетот пред се. Специјализирана за графички дизајн и изработка на високо квалитетна фина картонска амбалажа, сите видови на обрасци, печатени материјали, книги, каталози, етикети, флаери и сл.

Стручен Кадар

Над 70 високо стручни кадри кои заедно со техничко-технолошката опрема постигнуваат извонреден стандард и квалитет кој ги задоволува потребите на многубројните и реномирани клиенти.

За Нас

Печатница ГЕНЕКС е компанија која успешно делува од 1994 година и зазема едно од водечките места во полето на графичката индустрија во регионот. Лоцирана е во Кочани на површина од 11.500 м2. Специјализирана е за графички дизајн и изработка на високо квалитетна фина картонска амбалажа, сите видови на обрасци, печатени материјали, рекламен матерјал, книги, каталози, етикети, флаери и слични производи. Денес печатницата брои над 70 високо стручни кадри кои заедно со техничко-технолошката опрема постигнуваат извонреден стандард и квалитет кој ги задоволува потребите на многубројните и реномирани клиенти.

ГАЛЕРИЈА